Нова верзија на CSBets!

Нова верзија на CSBets!

Белешки за изданието

Издавањето на верзијата 2009 во Март 2010 год., следи 2 години по издавањето на последната верзија на CSBets v2.9 во Септември 2007. Оваа последна надградба претставува вовед во следната голема надградба која е предвидена за крајот на 2010 година. Главен акцент во верзијата 2009 се крупни промени во апликацијата за изработка на билтен, во поглед на воведувањето на огромен број на нови игри, автоматизација на процесот на изработка на листата на натпревари, процесот на внесување на резултати, припремата за печатење, создавање основа за добивање на повеќе статистички извештаи и анализа на уплатата и др.
Останатите апликации од пакетот добиваат помали унапредувања, додека поголемите промени за нив се предвидени во наредната верзија.

НОВО: Додадено пресметување на Cashback и Бонус на погоден коефициент.
Cashback е добивка за тикети кои се недобитни со само еден промашен натревар и коефициент на погодени натпревари поголем од 30 (или друг коефициент). Cashback добивката е повекекратен износ на уплатата, во зависност од погодениот коефициент. Бонусот на погоден коефициент е зголемување на остварената добивка со повекератен износ на уплатата, во зависност од погодениот коефициент на тикетот. Овие дополнителни добивки не важат за системски тикети. Дополнителната добивка се пресметува на нето уплатата (уплата намалена за 4% манипулативен трошок).

НАЈНОВО: Авторизација на тикети! Сите тикети кои не исполнуваат услов да бидат примени, на пр. лимитирана уплата на натпревар, повторување на ист тикет повеке пати, не исполнет услов на мин.натпревари, повеќе натпревари од лимитирани лиги, и сл. ќе може далечински да се авторизираат преку посебна апликација.

Новости

1. Билтен

– Можност за групирање на натпревари, лиги, тимови по спорт
– Tабови за поголема прегледност и употребливост
– Филтрирање на натпреварите по сатница
– Филтрирање на натпреварите по спорт
– Пребарување на билтен по име на тим или шифра на натпревар
– Воведен stop-loss за сингл натпревари
– Stop-loss вредностите важат за севкупната уплата во сите уплатни места
– Полиња за резултат по сетови/гемови
– Графичка анализа на уплата по поединечен тип на игра
– Подобрена графичка анализа за распределба на уплата на натпревар по типови
– Означување на натпревари Активни/Неактивни
– Означување на натпревари Проверени/Непроверени
– Означување на резултати Потврдени/Непотврдени
– Можност за дизајнирање на различни Excel експорти на билтен, резултати, табели и др.
– Можност за комбинирање на различни дизајни за експорт
– Подобрено генерирање на првенствени табели
– Поврзување на резултати и сатници од xscores.com со натпреварите од билтенот
– Дополнети шаблони со полиња за нови игри
– Додадени шаблони за коефициенти за индивидуален тотал (домаќин/гостин голови)
– Историја на претходни резултати за поединечен тим
– Означување на тип на игра сингл/несингл

2. Тикети

– Зголемена работна површина за подобра прегледност
– Исфрлено поле за полн трознак за побрзо работење и прегледност
– Подобрен извештај за касиер/каса
– Нов дизајн на печатење на тикет
– Печатење на вредност на хендикеп/граница
– Печатење на сите коефициенти при типување во полн двознак
– Оптимизации во брзина на работење
– Дополнет прозор за помош со листа на игри и типови
– НОВО: stop-loss анализа на севкупната уплата во сите уплатни места
– НАЈНОВО: АВТОРИЗАЦИЈА НА ТИКЕТИ!

3. Трансфер

– Драстично намалено време на синхронизација
– Симултана синхронизација со повеќе уплатни места истовремено
– Синхронизација на податоци за ризични тикети

4. Исплата

– Подобрена прегледност на синтетички извештаи
– НОВО: Пресметување на CASHBACK
– НОВО: Бонус добивка според коефициент