Пакети за поддршка

Бизнис пакети за поддршка

Замислете дека имате целосно обучен и опремен ИТ оддел со експертиза да овозможи вашата мрежа, компјутери и вработени беспрекорно да функционираат. Ние во КОНТАКТ СИСТЕМ сме вашиот ИТ оддел, со фиксна месечна цена, без дополнителни трошоци за плати, простор и опрема, трошоци за дообука, и без високи цени за експертски услуги. Ние ја одржуваме и поддржуваме вашата информатичка инфраструктура за Вас!

Професионален пакет на поддршка

Професионалниот пакет е идеален за фирми кои веќе имаат изградена информатичка база и имаат потреба од нејзино одржување. Со купувањето на професионалниот пакет се обезбедува максимална 24 часовна техничка поддршка и најбрзо отстранување на грешки и дефекти.

Цената на пакетот е зависна од бројот на компјутери и мрежната опрема што ја поседувате.

Месечното одржување се состои од:

  • Неограничена телефонска поддршка 24 часа
  • Неограничена поддршка со далечинска контрола 24 часа
  • Поддршка на лице место 24 часа (на територија на Скопје)
  • Проактивно месечно одржување
Сервер месечно одржување 24x7x2 50 €
PC месечно одржување 12x6x24 (9-21h) 10 €
Месечна телефонска поддршка 24х7 50 €
Месечна телефонска поддршка за секоја дополнителна локација +10 €
  • Надоградба на оперативниот систем со закрпи
  • Дијагностика на здравјето на компјутерите
  • Оптимизации на компјутерскиот систем по потреба
  • Мониторинг и менаџмент на антивирус и антиспајвер софтверот
  • Неделен и месечен бекап на податоците
  • Помали инсталации
  • Можност за попуст при набавка на опрема
  • и повеќе…

Стандарден пакет на поддршка

Стандардниот пакет е за фирми кои делумно сами ја одржуваат информатичката опрема и на кои им е потребна дополнителна стручна поддршка. Цената на стандардната поддршка е значително пониска, но сепак ќе обезбеди функционалност на вашите системи.

Стандардниот пакет е ограничен на работното време од 9 до 17 часот. Интервенциите надвор од работното време и на лице место се подложни на дополнителни трошоци.

Стандардната поддршка се состои од:

  • Неограничена телефонска поддршка 9-17 часот
  • Неограничена поддршка со далечинска контрола 9-17 часот
  • Поддршка на лице место 9-17 часот (на територија на Скопје)
  • Проактивно месечно одржување
Сервер месечно одржување 8x5x4 35 €
PC месечно одржување 8x5x24 7 €
Месечна телефонска поддршка 8х5 35 €
Месечна телефонска поддршка за секоја дополнителна локација +7 €
  • Надоградба на оперативниот систем со закрпи
  • Дијагностика на здравјето на компјутерите
  • Оптимизации на компјутерскиот систем по потреба
  • Мониторинг и менаџмент на антивирус и антиспајвер софтверот
  • Неделен и месечен бекап на податоците

Минимален пакет на поддршка

Минималниот пакет обезбедува неограничена телефонска поддршка и далечинска контрола за фирмите кои сами ја одржуваат информатичката опрема.

Минималниот пакет е ограничен на работното време од 9 до 17 часот. Неограничена телефонска поддршка 9-17 часот

  • Неограничена поддршка со далечинска контрола 9-17 часот
  • Можност за поддршка на лице место 9-17 часот (на територија на Скопје)
Месечна телефонска поддршка 8х5 35 €
Месечна телефонска поддршка за секоја дополнителна локација +7 €
  • Сите останати интервенции се наплаќаат според ценовникот за дополнителна поддршка

Дополнителна поддршка
(надвор од месечните пакети)

Инсталација на мрежи, хардвер и софтвер

Подготовка на техничка документација 30 €
Дизајнирање на систем за каблирање 30 €
Инсталација на RJ45 конектор 1 €
Инсталација на Switch/Hub и конфигурирање 10 €
Инсталација на Patch Panel 10 €
Инсталација на UTP/FTP ѕидна утичница 6 €
Инсталација на Rack 24 €
Инсталација на UTP/FTP кабел (m) 0.2 €
Инсталација на POC канали 0.5 €
Бушење на ѕид/плафон 7 €
Конфигурирање на Интернет конекција 30 €
Конфигурирање и инсталација на СЕРВЕР
(со вклучен 1 месец одржување)
200 €
Конфигурирање и инсталација на PC
(со вклучен 1 месец одржување)
50 €

Сервис, Одржување, Дијагностика

Работен час (9-17ч) 16 €
Работен час Попладне (по 17 часот) 30 €
Работен час Сабота/Недела/Ноќ (по 21 часот) 48 €
Ургентнo пристапување кон сервис
(во рок од 2 часа)
+44 €
Бекап на податоци +18 €
Чистење на PC/принтер/скенер +6 €
Патни трошоци надвор од Скопје – км. +0.30 €
Дневни трошоци надвор од Скопје +20 €

Останати објаснувања и услови

  • 24x7x2 :  време на одржување од 24 часа во текот на денот, 7 дена во неделата и рок за пристапување кон интервенција од 2 часа.
  • 8x5x24 : време на одржување од 8 часа (9-17ч) во текот на денот, 5 дена во неделата и рок за пристапување кон интервенција од 24 часа.
  • Месечното превентивно и тековно одржување не може да биде делумно туку исклучиво за сите компјутери и локации со кој располага фирмата.
  • Договорот за месечното одржување се склучува за период од минимум 6 месеци.
  • Плаќањето за тековно одржување е однапред на почетокот на секој месец.
  • Интервенциите надвор од Скопје се подложни на дополнителни трошоци
  • Сите цени се во евра и се од информативен карактер.
  • КОНТАКТ СИСТЕМ го задржува правото за промена на цените без претходна најава. Во цените не е пресметан ДДВ.