Техничка поддршка

Кога Ви треба технолошки бизнис партнер, чие искуство оди подалеку од персоналниот компјутер…

Нашите мрежни инжинери можат да ги задоволат сите ваши мрежни потреби како: дизајн, поставување на мрежа, нејзино одржување или поправки. Нашите мрежни специјалисти можат да изградат и одржуваат големи корпоративни мрежи и интранети.

Обезбедуваме консултации за потребите за изградба на мрежни системи и топологии, и понатака вршиме набавка и инсталација на истите. Можеме брзо и ефикасно да изведеме структурно каблирање и инсталација на кабловски и ADSL модеми, рутери, свичеви и т.н. Покрај обезбедувањето на високо квалитетни системи, се подразбира дека обезбедуваме и нивно одржување, кое ќе осигура минимално време на дефект. Дури и најдобрите машини бараат периодично одржување, што ние го обезбедуваме за опремата купена од клиентите преку нас.

Услуги што ги обезбедува КОНТАКТ СИСТЕМ се: LAN и WAN планирање и дизајн, Мрежен софтвер и хардверска интеграција, Инсталација на сервери и работни станици, Имплементација на безбедносни мерки, Мрежно печатење, Модемски комуникации, Системи за електронска пошта, Бекап системи, Каблирање, Инсталација и конфигурирање на безжични мрежи, Мрежна поддршка и администрација.

Типови на поддршка

  • Неограничена телефонска поддршка

Секогаш кога ќе се јавите ќе добиете помош од нашите техничари и инжинери.

  • Неограничена поддршка со далечинска контрола

Поддршката преку далечинска контрола го револуционализира начинот на кој ја спроведуваме техничката помош до нашите корисници. Кога ќе се јавите за помош, ова ќе им овозможи на нашите сервисери да ја превземат контролата над вашиот компјутер за да се обезбеди брзо, лесно и сигурно сервисирање.

  • Поддршка на лице место

Поддршка на лице место се остварува ако далечинската и телефонската поддршка биле неуспешни. Ако проблемот не може да се реши со далечинска контрола, сервисер ќе биде пратен до вашата локација во согласност со итноста на проблемот.

  • 24 часовна поддршка

Ако ги опслужувате вашите клиенти во текот на сите 24 часа дневно или ако вашата работа е директно зависна од функционалноста на вашиот информатички систем, ќе обезбедиме максимална поддршка и ќе ги отстраниме сите дефекти во најкраток можен рок.

Проактивна подршка

  • Месечно одржување

Со редовното месечно одржување се осигурува правилно рабетење на мрежата и отстранување на сите помали проблеми кои може да се појават на мрежата и компјутерите.

  • Автоматска надоградба

Нашиот сервис за надоградба ни овозможува електронски да испорачуваме надоградби, закрпи и сервисни пораки до управуваниот компјутер преку интернет. Ова исто така ни дава актуелни податоци за инсталираните закрпи со што можеме да се осигураме дека вашиот компјутер е заштитен.

  • Управување со сигурносните закрпи

Земајки ја в предвид компјутерската сигурност, ништо не е поважно од примената на актуелните сигурносни закрпи за Microsoft Windows и Office софтверот. Како дел од планот за управување, ќе ги надгледуваме и одржуваме закрпите и по потреба ќе Ве известиме.

  • Дијагностика/Надгледување на здравјето

Нашиот софтвер за компјутерска дијагностика ги дијагностицира клучните точки за здравјето на вашиот компјутер и овозможува детален извештај за вашиот компјутер на нашиот техничар. Овој извештај вклучува информации за хардверот (процесор, меморија, хард диск, CD/DVD, флопи, монитор, видео карта, мрежна карта, модем, звучна карта…) за да може техничарот да обезбеди поддршка по мерка за секој компјутер.

  • Оптимизирање на компјутерскиот систем

Дали вашиот компјутер е бавен? Морате да го ресетирате поради грешки и закочувања? Ние ќе извршиме проверка и разни дијагнози за да го подесиме вашиот систем повторно да работи со максимални перформанси.


Безбедност на компјутерите и податоците

  • Антивирусен софтвер

Антивирус софтверот ќе ве заштити од вируси, црви и тројанци. Ќе ги надгледуваме и управуваме сите аспекти на антивирусниот софтвер, кој ќе ги чува вашите компјутери заштитени од најновите интернет закани, за да можете да бидете сигурни во безбедноста и интегритетот на вашите податоци. Ако вирус биде откриен на некој од вашите компјутери, нашиот сервисер ќе биде известен и ќе ја отстрани заканата.

  • Антиспајвер софтвер

Нашиот анти-спајвер мониторинг, менаџмент и систем за надградба ќе ги заштитува компјутерите од спајвери и други потенцијално опасни програми. Ова овозможува да се намалат негативните ефекти предизвикани од спајвер софтверот кој предизвикува намалување на перформансите, вознемирувачки “pop-up” реклами или неавторизирано користење на вашите приватни информации.

  • Бекап сервис

Нашиот систем за зачувување на податоците ќе обезбеди сигурна и ефикасна заштита и архивирање на мрежните податоци.

Можете да бидете сигурни дека вашите документи нема да се изгубат поради хардверски или софтверски дефект, вируси, пад на струјниот напон, пожар, природни катастрофи или едноставно човечка грешка.

Сервисирање, Набавка и Инсталација

  • Хардвер и Софтвер

КОНТАКТ СИСТЕМ ќе наплати за сите потребни резервни делови или софтвер. Ако за поправката е потребен добавувачот или специјализиран сервис за опремата, дополнителните трошоци ќе бидат на сметка на сопственикот на опремата. Во повеќето случаи можеме да обезбедиме попуст за набавка на нова опрема за корисниците на Професионалниот Бизнис пакет.

  • Тренинг/Обука

Обуката е исклучена од пакетите за поддршка. Во случај да сте заинтересирани за тренинг/обука јавете се за евентуален дополнителен договор.

  • Печатари

Печатарите мора да се сервисираат во авторизираните сервисни центри. КОНТАКТ СИСТЕМ ќе ги проследи печатарите во соодветните сервисни центри на ваше барање. Сите трошоци за поправката на овие печатари ќе бидат на сметка на сопственикот на печатарот. Вообичаено КОНТАКТ СИСТЕМ го задржува правото за наплата на трошоците за дијагностика и транспорт на печатарите.

  • Имплементација на нова технологија/Големи инсталации

Овие пакети се покомплексни и се дизајнираат за секоја ситуација поединечно за да одговорат на зададената задача. Примери за Нова технологија се: Инсталација на нови печатари во целиот систем, поставување на нов сметководствен софтвер на повеќе работни станици или поставување на нова мрежа во објект или канцеларија. Деталите за изведбата на овие пакети се договараат пред започнување на било каква работа. Исто така може да обезбедиме прелиминарна анализа без никаков надомест.