CSBets софтверски пакет


CSBets пакетот на софтверски алати е составен од следните апликации:

  • Билтен
    Основен дел од пакетот, неопходен за изготвување и ажурирање на спортските натпревари, коефициентите за обложување и евиденција на спортските резултати.
  • Тикети
    Пакет од неколку програмски апликации во функција на евидентирање на тикетите во уплатните места, поврзување со фискален печатар и исплата на добитните тикети.
  • Исплата
    Апликација за обработка и анализа на уплатените тикети и изготување на периодични извештаи за финансиското работење.
  • Авторизација
    Специјална апликација за мануелно авторизирање на тикети кои се сметаат за ризични или не ги исполнуваат предефинираните услови за автоматско прифаќање во уплатните места.
  • Администрација
    Подесување на основните параметри на програмот, креирање на правила за игра, администрирање на пермисиите за пристап на системот, менаџирање на базите на податоци.
  • Трансфер
    Апликација за синхронизација на податоците помеѓу централната база на податоци и оддалечените сервери.